Севилја и Реал Сосиедад се првите четвртфиналисти во шпанскиот Копа дел Реј после денешните идентични минимални победи во осминафиналните пресметки од најмасовното натпреварување во Шпанија.
Хрватската ѕвезда Иван Ракитиќ со гол три минути по стартот на второто полувреме на Севилја, која е претпоследна во Ла Лига ѝ го донесе пласманот во четвртфиналето откако тој погодок беше клучен за да се победи Алавес на гости.
Баскиски Реал Сосиедад, пак, на својот стадион во Сан Себастијан славеше минимално со 1-0 против Мајорка и тоа со гол после само пет минути преку Роберт Наваро.