Седум навики што ни го влошуваат квалитетот на животот

Навиките се менуваат со силна волја и желба да се подобриме лично и да живееме подобро, па проверете дали вие сте стекнале некоја од овие седум лоши навики.
Постојано го проверувате мобилниот
Понекогаш често го ѕиркаме мобилниот, дури и без да бидеме свесни за тоа.
„Бараме информации што прават да се чувствуваме добро и поврзани со другите“, изјави експертот за ментално здравје Ванеса Гебхерд за The Sun.
Истражувањето на Универзитетот во Де Монтфорт неодамна откри дека редовното проверување на телефонот може да ги направи луѓето расеани и заборавни и дека оваа навика може да има негативно влијание врз менталното здравје

„Трошењето премногу време на телефон и на социјалните мрежи може да ја намали самодовербата и да генерира негативни мисли. Внимавајте на времето што го поминувате зјапајќи во екранот и имајте на ум кого одбирате да следите, во какви разговори сте вклучени и фокусирајте се на позитивни објави наместо на негативни.
Денес телефоните имаат опција да следите колку време поминувајте пред екран – и на дневно, и на неделно ниво – па не заборавајте да ја овозможите оваа опција за да можете да следите колку време поминувате на телефон. Некои апликации, како Instagram, имаат опција да ве потсетат кога ќе го пречекорите времето што сами сте си го одредиле за таа забава.
Затворен простор
Многу луѓе научија да седат во затворен простор за време на пандемијата, но треба почесто да излегуваме на чист воздух.
Поминувањето повеќе денови во затворен простор може значително да го зголеми ризикот од депресија. Недостаток на сончева светлина и витамин Д придонесува за појава на симптоми на депресија. Одењето на кратка прошетка може многу да ви помогне. Ако уште работите од дома, испијте кафе и прошетајте низ маало пред да почнете со работа. Природната светлина и движењето ќе ви го подобрат расположението и ќе ви ја зголемат концентрацијата.
Премалку сон
Недостатокот на сон го поттикнува лошото расположение, ја намалува концентрацијата и нѐ прави раздразливи.
Само една недела нарушен сон може да го зголеми нивото на стрес, лутина и чувство на тага. Ако имате проблеми со спиењето, важно е да побарате совет како да излезете од маѓепсаниот круг. Обидете се со техники за релаксација.
Лоша исхрана
Ако често посегнувате по слатки и чоколадо, тоа може негативно да влијае на вашето расположение. Исхраната богата со шеќер, како и онаа што вклучува поголеми количини на црвено месо, може значително да го зголеми ризикот од депресија. Добро внимавајте на она што го јадете и изберете многу овошје, зеленчук и цели зрна.
Недоволно вежбање
Докажани е дека вежбањето го намалува стресот и го подобрува расположението. Редовното вежбање исто така може да помогне во подобрување на нивото на енергија и мотивација, зголемување на чувството на среќа и намалување на симптомите на депресија, анксиозност и стрес. Доволно е да вежбате најмалку 30 минути три до пет пати неделно.
Неправилно седење
Според една студија објавена во Journal of Behaviour Therapy and Experimental Psychiatry, седењето исправено може да ги намали симптомите на депресија. Неколку други студии покажуваат дека доброто држење на телото ги подобрува самодовербата и расположението.
Одолговлекување
На сите им недостасува мотивација во одреден момент. Сепак, одложувањето, одолговлекувањето и избегнувањето на задачите е штетно за менталното здравје и го зголемува стресот.
Тоа се случува затоа што ќе го почувствувате товарот на она што не сте го направиле, а морате. Тоа предизвикува вознемиреност што ви го нарушува менталното здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.