Ако секое утро го започнувате со овој напиток наместо со вообичаениот појадок, ќе забележите дека килограмите брзо ќе почнат да се топат.
Ова зелено смути најпрво ќе започне да го топи салото околу стомакот, но освен тоа ќе го забрза метаболизмот и ќе ја регулира дигестијата.
Тајната на овој напиток е во количината на овошје и зеленчук кои изобилуваат со витамини, минерали и влакна кои долго нè држат сити.
Една чаша е доволна за да не чувствувате глад неколку часа, а истовремено да имате доволно енергија за сите активности во текот на денот.
Потребни состојки:
– 1 лажица јаболков оцет
– 1 лажица рендан ѓумбир
– половина авокадо
– 30 гр. бланширан спанаќ
– 1 лажица мед
– 1 шака магдонос
– половина чаша топла вода
Подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
Главните состојки на овој напиток кои во најголема мера влијаат на слабеењето се ѓумбирот и авокадото.
Ѓумбирот е еден од најсилните активатори кои го забрзуваат метаболизмот, а благодарение на него телото согорува калории и ги претвора во енергија.
Авокадото е богато со мононезаситени масти кои не се претвораат во сало. Благодарение на него, ќе бидете сити со часови бидејќи содржи доволно хранливи материи. Исто така, богато е со влакна кои поволно делуваат на метаболизмот и цревата.