Читањето мали букви на екранот создава фини линии околу очите, а држењето на уредот до образот од топлина и нечистотија предизвикува мозолчиња.Секој пат кога зборувате на мобилен телефон, ја ставате вашата кожа на ризик . Во свет во кој селфињата се секојдневна појава, неизбежно е да се користи мобилен телефон безброј пати на ден. Мозолчиња, брчки и темни дамки на кожата се само дел од негативните последици кои се појавуваат на нашето лице од користењето мобилни телефони.Прочитајте неколку едноставни начини како да ја зачувате вашата кожа.БрчкиПроблем: постојаното гледање во тастатурата ве повредува повеќе отколку што мислите. Гледајќи надолу долго време може да создаде т.н techneck – брчки под брадата и околу вратот, додека гледањето на ситни печати создава брчки околу очите.Решение: Вратот и деколтето се едни од првите места каде што забележуваме знаци на стареење. Погрижете се да ги проширите сите ваши производи за нега и на таа област.Алергии на кожатаПроблем: Кога ќе забележите осип на вашата кожа, размислете за фактот дека вашиот мобилен телефон можеби е главниот виновник. Неодамнешните истражувања покажаа дека хромот и железото од мобилниот може да предизвикаат кожна реакција наречена алергиски дерматитис.Решение: Ако имате чувствителна кожа, ставете го телефонот во пластична футрола и покријте го екранот со проѕирна фолија за да спречите иритација на лицето и прстите.АкниПроблем: Дали знаевте дека вашиот мобилен телефон има повеќе бактерии од рачката на тоалетот?! Само помислете на сета шминка и пот што му ја оставате после секој разговор. Токму оваа нечистотија може да предизвика појава на мозолчиња на лицето.Решение: Постојат многу различни начини за чистење на телефонот и не би било лошо да купите и пар слушалки.Темни круговиПроблем: LED светлото од телефонот може да влијае на квалитетот на спиењето. Синиот сјај што доаѓа од екраните на телефонот, компјутерот и таблетот може да го наруши нашиот внатрешен часовник, што ќе доведе до несоница.Решение: Помалку сон значи повеќе темни кругови. Спречете го отокот и темните кругови со крем против стареење околу очите. Или уште подобро – користете будилник за да се разбудите.Темни дамкиПроблем: Запомнете колку долги се вашите разговори. Прегревањето може да предизвика големи проблеми со кожата. Непотребната топлина го попречува производството на меланин пигмент и предизвикува темни дамки на кожата.Решение: Погрижете се телефонот да не го допира вашето лице премногу долго. Ако сте сами, вклучете го микрофонот.
Пронајдете не на следниве мрежи: