Секој шести ден Русија стрела балистички проектил врз Киев

Русија утрово изврши напад со балистички проектил врз Киев, трет во текот на овој месец. Според првичните информации, проектилот бил пресретнат и уништен од противвоздушната одбрана.

– Ова е трет напад со балистички проектил врз главниот град во август, во интервали од точно шест дена од еден до друг напад. Првичните информации укажуваат дека Русите најверојатно употребиле севернокорејски балистички проектил – изјави Серхиј Попко, шеф на украинската воена администрација.

Извори од Киев јавиле дека слушнале тревога, а потоа и експлозија. Два часа подоцна во регионот на главниот град и на централните и североисточните делови на Украина повторно имало тревога, поради закана од беспилотни летала.

Пронајдете не на следниве мрежи: