Брокулата е одлична храна која може да им помогне на оние жени кои боледуваат од рак на дојката.
Истражувањата велат дека состојките кои нашиот организам ги лачи откако ќе консумираме брокула се од особено значење за заштитните ензими и ткиво на дојките.
Стручњаците веруваат дека сулфарофанот, кој го содржи брокулата во организмот се претвара во моќно оружје против ракот на дојките.
Сулфарофанот е многу важен. Тој помага за одржување на здрава рамнотежа на антиоксидансите во организмот. За да има некаков ефект, нутриционистите препорачуваат да се консумира брокула два до три пати во неделата.