Секси сцените кои беа нормални за речиси секој холивудски филм , по се изглед а ќе преминат во историја, бидејќи продуцентите сметаат дека сексот веќе не продава толку добро.
Наместо разголени сцени и страствени прегратки, директорите на филмските студија ни нудат филмови со многу специјални ефекти и акции.
Според една анализа, последниoт голем блокбастер во кој имаше секси сцена е Титаник од 1997 година. Речиси и не постои некој кој не се сеќава на сцената каде Леонардо и Кејт водат љубов во автомобилот со заматени прозорци.
Директорите сега бараат од сценаристите и режисерите, да направаат филм, кој е повеќе семеен, бидејќи мислат дека така ќе заработат повеќе пари.
Сметаат дека сцените од типот на онаа во филмот „Basic Instinct“ , кога Шерон Стоун ги прекрстува нозете, не е погодна за денешната клима.
„Секси сцените постоеа да го зачинат малку некој трилер. Денес, со тие сцени се губи помладата публика, за онаа за која не се прикладни“, вели еден филмски аналитичар.
Тој наведи дека улогата на Џенифер Лоренс во филмот “Silver Linings Playbook“, типичен пример за ова модерно време која влегува во филмот.
Аналитичарот објасни како Џенифер добила Оскар за улогата во овој филм, во кој не е одиграна ни една провокативна сцена, а глумеше девојка која е зависна од секс.Секси сцените кои беа нормални за речиси секој холивудски филм , по се изглед а ќе преминат во историја, бидејќи проду