Пјонгјанг денес соопшти дека секој обид за соборување на севернокорејски ракетен тест ќе значи објавување војна, со обвинување дека заедничките маневри на армиите на Ссоединетите Американски Држави (САД) и Јужна Кореја придонесуваат за зголемување на тензиите во регионот.
Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави дека американската воена акција насочена кон тестирање на стратешкото оружје на Пјонгјанг во Пацификот би значело објава на војна.
„Тихиот океан не им припаѓа на САД и Јапонија“, изјави Ким Јо Јонг, објавија странските медиуми.
Најавено е дека САД и Јужна Кореја следната недела ќе одржат заеднички маневри наречени „Штитот на слободата“.
Во Јужна Кореја во моментот има повеќе од 28.000 американски војници.
Пронајдете не на следниве мрежи: