Силвио Берлускони по месец и половина ја напушти болницата во Милано

Поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми.

Лидерот на партијата Форца Италија беше хоспитализиран на 5. април и ќе го напушти болничкото одделение по 44 дена хоспитализација, пишуваат тамошните медиуми.

86-годишниот Силвио Берлускони беше во болница поради воспаление на белите дробови, а при хоспитализацијата докторите открија дека боледува од хронична леукемија.

Пронајдете не на следниве мрежи: