Пред Амбасадата на Србија во Тирана денеска одржан беше протест организиран од граѓански организации.
Учесниците со национални симболи, вееја албански знамиња и носеа транспаренти на кои меѓу другото пишуваше „Животот го даваме, Митровица не” , „Сите албански територии се со тебе Косово”, „Трепча и Газивода се имот на Косово”, „Не Република Српска во Косово”, а извикуваа „Албанија-Косово”.
Говорниците ја повикаа Србија да ги „тргне рацете од Косово“, а од албанските власти побараа да не ја поддржуваат Србија.
Исто така, ги повикаа Европската Унија и САД одговорно да се справат со прашањето Србија-Косово.
„Долго време нормалниот живот на граѓаните на северот на Косово е парализиран. Граѓаните живеат под воената треска. ЕУ и САД одговорно да го третираат прашањето Србија-Косово. Србија спроведуваше геноцид. Овде сме обединети, да не дозволиме Србија да го прави законот за албанските територии“, порачаа тие.
Ова е втор протест пред српската амбасада во Тирана, по оној од 16 месецов.