Сите ја правите ОВАА ГРЕШКА кога ги миете садовите во машина

Претежно секој има навика да ги мие садовите пред да ги стави во машина за перење. Но, експертите ја сметаат оваа работа за непотребна, која само троши пари и време.

Машините се дизајнирани да чистат многу извалкани садови, а со прескокнување на рачно перење, ќе заштедите енергија, вода, време и детергент.

Во една студија, тие имале задача да тестираат дури 17 различни машини за миење садови и ефикасноста на отстранување на тврдоглавите дамки. Во една ставија многу валкани садови, кои претходно не ги измиле.
Речиси сите машини успешно ја елиминираа целата нечистотија и заклучокот беше дека претходното плакнење може да доведе само до контраефекти – дека машината не ги мие правилно садовите.

„Повеќето машини имаат вграден сензор за откривање нечистотија на садовите и соодветно прилагодување на миењето“, вели експертот за чистење Дин Дејвис.
Ако сензорот открие дека нема многу нечистотија на садовите (бидејќи претходно сте ги измиле), машината нема да ја заврши работата како и обично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.