Триесет и осум годишниот Д.М. од Скопје вчера бил физички нападнат од вработен во Управните служби на МВР.
Како што информираат од Министерството, Д.М. пријавил дека околу 16 часот на улица “Кеј Димитар Влахов” во МРТВ – Управни служби, додека чекал за подигнување на лична карта бил физички нападнат од страна на вработен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.