Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера после 10 часот на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода 73-годишниот В.М. од Скопје, постапувајќи по пријава според која претходниот ден околу 17.30 часот на подрачјето на Карпош, додека малолетничка седела во нејзиниот двор со две другарки, тој во соседниот двор од неговата куќа се соблекол и недолично се однесувал пред нив, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.