Скопје се гуши: Утрово на осмото место по загаденост во светот

Скопје утринава е на осмото место по загаденост на амбиенталниот воздух во светот со индекс на загадување од 154, според последните податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“.

Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 60,2микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 73,2 микограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 12 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација.

Најзагаден град во светот во моментов е Делхи во Индија, по него на списокот се Лахор во Пакистан, а на третото место е главниот град на Египет Каиро.

 

Од балканските градови најблиску до Скопје е Сараево кој се наоѓа две места подолу на листата на „Ај-Кју-Ер“.

Еко активистите алармираат дека се потребни итни мерки, поради сериозните последици врз здравјето на луѓето од аерозагадувањето.

Македонската Влада објави план за трајно решавање на загадувањето на воздухот. Мерките вклучуваат субвенции за инвертер клими, строги контроли врз индустриските загадувачи, масовно пошумување и забрзана гасификација. Овие чекори се дел од долгорочната стратегија за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух и подобрување на квалитетот на животната средина.

Пронајдете не на следниве мрежи: