Сладолед од банана

Сладолед од само три состојки.
Потребни состојки:
4 банани
1 шлаг од ванила
125 мл ладно млеко
Начин на подготовка:
Исечкајте ја бананата на кругови и ставете ја во замрзнувач за да замрзне.
Во сечко ставете ги парчињата банана и исечкајте ги уште на помали парчиња.
Во студено млеко додајте шлаг од ванила, промешајте и продолжете да мешате со миксер 3-4 минути.
Додајте ги бананите во смесата и промешајте. Ставете го сладоледот во замрзнувач неколку часа. Декорирајте по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.