Состојки:
– 125 гр маргарин
– 4 лажици мед
– 4 лажички шеќер
– 100 гр чоколадо за готвење
– 100 гр мелени бисквити
– 100 гр мелени ореви
– 200 гр пржен сусам
Подготовка:
Во тавче на умерена температура растопете ги маргаринот, медот, чоколадото и шеќерот, мешајте додека не се соединат. Додадете прженo семе од сусам, ореви и бисквити и измешајте сè заедно.
Добиената маса истурете ја на алуминиумска фолија, завиткајте ја додека е топла, ставете ја во фрижидер да се стегне и исечете и послужете кога ќе се излади.