Слатко летно освежување: Направете сорбет од вишни со само три состојки

Иако домашниот сладолед е омилен помеѓу летните десерти, вкусните сорбети полека го преземаат водството бидејќи се помалку калорични и полесни за припрема. Еден таков е и сорбетот од вишни од кујната на Тамал Рeј.
Рецептот на британскиот готвач е исклучително едноставен и се состои од само три состојки. Сè што ви е потребно се 900 грама вишни, 150 милилитри бело вино или сок од јаболко и 50 грама шеќер во прав.
Смрзнатите вишни се поевтини и попогодни за овој рецепт, особено доколку ги купите оние без семки. Но, доколку се одлучите за свежи вишни, постојат два начини како можете да ги исчистите – тоа можете да го направите пред готвењето, вадејќи ги семките една по една или да оставите да се изладат по готвењето и да ги исцедите со раце.


Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во големо тенџере, поклопете и оставете да се крчкаат околу 15-тина минути на умерена температура. Потоа тргнете го капакот и оставете водата да испари сè додека вишните не добијат текстура на џем.
Потоа, оставете сорбетот да се излади и измиксирајте го во блендер.
Смесата ставете ја во сад за замрзнување и држете ја во замрзнувачот најмалку два и пол часа. За тоа време, повремено вадете го сорбетот и мешајте за да избегнете создавање на смрзнати рабови. По целиот процес, вашиот десерт е спремен за сервирање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.