Смртни закани за премиерот на Војводина

Нови смртни закани биле упатени до претседателот на владата на Војводина, Бојан Пајтиќ, пренесоа во петокот локалните медиуми, повикувајќи се на соопштение од покраинската администрација.„Бојан Пајтиќ доби писмо, во кое наводен ветеран од војните во Хрватска и Босна му се заканувал со смрт.Во писмото се наведува дека на Пајтиќ ќе му биде пресудено со „трофеен валтер“, затоа што наводно „подготвувал мрак над нашата Војводина“, стои во соопштението.Притоа се потсетува дека слични закани до покраинскиот премиер претходно биле упатени и преку плакати, графити и анонимни телефонски повици.Владата на Војводина ги обвини челниците на Српската напредна партија, Социјалистичката партија на Србија, Демократската партија на Србија и националистичкото движење Двери дека со своите „неодмерени и потпаливи изјави“ создадоа поделби меѓу граѓаните.
МакфаксНови смртни закани биле упатени до претседателот на владата на Војводина, Бојан Пајтиќ, пренесоа во петокот локалните

Пронајдете не на следниве мрежи: