Се работи за мед.
„Овој печен компир ќе ве направи навистина зависник; тој е совршен баланс на слатко и солено со крцкави рабови. Едноставно нема да можете да престанете да го јадете“, напиша Форд во својата објава, а еве што ќе ви треба и како се подготвува.
Потребни состојки:
2 kg црвени компири
2 лажици ладно цедено маслиново масло
50 gr путер
вегета
сол
бибер
1 лажица мед
Подготовка:
Сварете сад со вода и додадете ги компирите. Гответе ги 4-5 минути додека не омекнат, но не мора да бидат готови. Додека се варат компирите, загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад за печење на хартија ставете маслиново масло и путер и печете 2 минути додека не се растопи путерот.
Додадете ги исцедените компири и измешајте ги со маслото. Зачинете со вегета, сол и бибер. Внимавајте компирите да бидат рамномерно распоредени и да не се преклопуваат.
Печете 30 минути, па свртете и печете уште 25-30 минути или додека не стане крцкаво. Прелијте ги компирите со мед додека се уште топли и украсете ги со свежа мајчина душица.