Со кои мажи жените уживаат во кревет?

Според резултатите од студијата објавена во PubMed, најновото истражување покажува дека жените доживуваат поинтензивни оргазми со мажи кои имаат солидна заработка и одлична смисла за хумор, пренесува Daily Mail.
Истражувањето е спроведено од психологот Џорџ Галуп, а во него учествувале хетеросексуални студентки во врска. Галуп со своите колеги ги испрашувал за тоа колку често доживуваат оргазми и повеќе детали за нивните партнери.
Резултатите откриле дека интензитетот на оргазмот влијаел на привлечноста на мажот, колку често воделе љубов и колку сексот бил задоволителен. Оние жени чии пријателки ги оцениле нивните партнери како привлечни доживувале поинтензивни оргазми, а мажите со широки рамена имале сексуално повеќе задоволени девојки.


Оние жени кои почнале помлади да имаат секс имале повеќе партнери, доживувале повеќе оргазми и биле позадоволни во сексот.
Истражувањето покажало дека кога станува збор за достигнување на поинтензивен оргазам во предност се оние жени кои имаат духовит и самоуверен партнер кој добро заработува. Професорот Галуп додава дека во студијата се идентификувани серија психолошки карактеристики на партнерите како мотивација, интелигенција, концентрација и одлучност. Духовитите мажи имале партнерки кои почесто иницирале секс, почесто имале односи, но тие жени и почесто доживувале оргазми, додаваат истражувачите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.