Со омекнувачот правите голема грешка, овие работи мора да ги знаете за перењето на облеката

Најголем дел од луѓето не ја прескокнуваат употребата на омекнувачот за време на перењето алишта, но интересно е што кај некои материјали тоа може да предизвика контра ефект.
Станува збор за ткаенини со посебни својства чија функција може да биде блокирана со употребата на омекувачот, па се советува при перење на овие алишта воопшто да не го користите.

Ткаенина од микровлакна
Микровлакнестите материјали се неверојатно идржливи и одлично ја впиваат течноста. Од нив на пример за прават женските хулахопки, крпи, фитнес пешкири, ракавици за чистење, ткаенини за чистење екрани…
Спортска облека
Специјализираната спортска облека е направена за да може да впива пот и да ве разладува додека вежбате. Омекнувачот остава слој на ткаенината кој ги блокира овие својства.
Работничко одело
Најчесто се направени од посебни материјали кои се незапаливи, а омекнувачот лошо делува на нивното својство за отпорност.
Пешкири
Верувале или не, омекнувачот ја нарушува главната функција на пешкирите, а тоа е апсорпција на водата. Затоа подобро е да го прескокнете омекнувачот, поголема мекост ќе имаат ако додадете алкохолен оцет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.