Ако некогаш сте пржеле парчиња месо на врело масло, тогаш сигурно знаете колку овој процес може да биде неуреден поради прскањето на маслото на сите страни.
Поради тоа еден љубител на готвењето на ТикТок споделил едноставен совет како да спречите прскање масло, а сè што треба да направите е да истурите малку вода во тавата.
„Додавањето вода за време на готвењето го прави месото крцкаво и спречува прскање на маслото“, вели тој.
Многу следбеници во коментари се заблагодариле за корисниот совет, а некои понудиле и алтернатива: „Пред печењето исплакнете го месото под вода. Тоа навистина делува“.
Неколку луѓе прашуваат како водата се меша со врело масло, а авторот објаснува: „Водата ќе испари пред маснотиите да се претворат во течност“.