Немате доволен сон, а дури и кога ќе ги отспиете оние „задолжителни“ 8 часа, се чувствувате уморно и исцрпено? Храната богата со железо и здравите грицки ќе ви помогнат брзо да се разбудите и да се наполните со енергија за претстојниот ден.
Еве неколку совети за совршен почеток на денот:..
1. Консумирајте билки богати со железо
Одредени состојки, особено железото, можат да им помогнат на жените да имаат повеќе енергија. Речиси 10 проценти од жените на возраст од 20 до 49 години имаат недостаток од железо во организмот што предизвикува замор и ограничени ментални и физички способности. Билките кои што се одличен извор на железо се: грав, спанаќ и семе од сусам, а ако ги консумирате во комбинација со витамин Ц, апсорпцијата на железо ќе биде поефикасна.
2. Прескокнете го кофеинот
И покрај здравите ефекти кои што можат да ги имаат чајот и кафето, ако се чувствувате исцрпено, сепак е подобро да ги прескокнете. Кофеинот ви дава лажно чувство на енергија бидејќи е стимуланс, а откако неговото дејство ќе престане, ќе се чувствувате поуморно отколку што сте биле претходно.
3. Појадок како енергетска бомба
Наместо за појадок да се ограничите само на внес на протеини и јаглени хидрати, обидете се тој да биде подобро избалансиран. Наместо да посегнете само по јогурт, додадете некакво бобичесто овошје кое што делува како антиоксидант, добри масти, како на пример бадеми, лешници и некои семиња и овесни снегулки. Исто така, би било добро обичниот јогурт да го замените со јогурт со намалена масленост.
4. Јадете повеќе „суперовошје“
Се препорачува зголемен внес на т.н. „суперовошје“ – јаболки, костенливо овошје, бобинки и домати. Ако го ограничите појадокот на една банана, нема да внесете доволно хранливи материи и антиоксиданти што ќе предизвика чувство на замор и исцрпеност.
5. Изберете здрави грицки
Кога избирате енергетска ужина игнорирајте го она што го пишува на пакувањето и веднаш проверете ја листата на состојки. Ако состојките ве потсетуваат на некаков рецепт и ви се чини дека тоа би можеле да го направите и самите, тогаш тоа е и вистинскиот избор, а ако пак повеќето од имињата на состојките се неразбирливи и личат на научен експеримент, таквата храна прескокнете ја.