Совршен похован кашкавал

Состојки
400 гр кашкавал
50-100 гр лебни трошки
3-4 лажици брашно
2 јајца
чаша ладна вода

Има ли некој што не сака вкусен, топол, свадбарски похован кашкавал во порцијата за предјадење ? =)
За да се подготви похован кашкавал порано мислев дека е едноставно, меѓутоа и оваа подготовка како и многу други си има свои финеси за крајниот резултат да ни е совршен.
Подготовка
1. Кашкавалот најпрво го сечкаме на парчиња со дебелина од 1 см и го ставаме во замрзнувач околу 1 час.
2. Секое парче кашкавал го потопуваме во ладна вода, во брашно, во разматените јајца и на крај во лебните трошки.
3. Вака подготвените парчиња ги пржиме во загреано масло околу 30 секунди од секоја страна или додека да ни поцрвенат.
Забелешка
Можете кашкавалот да го подготвите т.е да го извалкате во потребните состојки и да го ставите во замрзнувач, па кога ќе сакате да го пржите. Во ладната вода ставив и некоја коцка мраз.
Во лебните трошки може да додадете и сусам по желба и вкус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.