Тиквичките ги има во сите сезони. Но, сега во лето, на пазарите можеме да најдеме свежи домашни тиквички, од нашето поднебје, а не увозни. Рецепти со нив има многу, како пржени во масло, похувани во јајца и презла, тиквички на скара, чипс од тиквички…
Ова е сосема една поинаква верзија на салата од тиквички, со свежи термички необработени, токму онака како што е најздраво.
Потребни состојки:
2 тиквички исечени на тенки ленти
4 лажица маслиново масло
1 лажиче изрендана кора од лимон
2-3 лажица лимонов сок
2 чешниња лук,
неколку сецкани зелени и црни маслинки
2 лажица рендан пармезан
малку сецкани ореви
сол по вкус
Начин на подготовка:
Помешајте го маслиновото масло, сокот од лимон, лимоновата кора, лукот и оревите. Тиквичките се остават да се маринираат во смесата околу 10-15 мин. Сервирајте со пармезанот и маслинките.
Брзо и едноставно, а вкусно! Пробајте, нема да згреште!