Солена торта со макарони

Состојки
1 (230 гр) лист готово лиснато тесто
За полнење
150 гр ситни макарони
100 гр замрзнат грашок
2 средни моркови
100 гр шунка или печеница
100 гр кашкавал
3 лажици пченка
Прелив
3 средни јајца
300 гр кисела павлака

Да ви претставам една лична, вкусна и декоративна солена торта. Едноставна и лесна за подготовка.
Морковите излупете ги, исечкајте ги на мали коцки и заедно со макароните и грашакот ставете ги да се сварат во посолена и зовриена вода. Оставете ги да варат по време означено на паковката од макароните. Потоа исцедете ги и оставете ги да оладат.
Шунката или печеницата исечкајте ги на мали коцки, а кашкавалот изрендајте го на ситно. Заедно со пченката додајте ги во макароните и се заедно измешајте.
Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени.
Во тава бр. 26 ставете го лиснатото тесто заедно со хартијата. Избоцкајте го со вилушка.
Ставете го полнењето-филот од макарони и порамнете го.
Јајцата изматете ги со вилушка, додајте ја киселата павлака и повторно изматете ги да се изедначат. Со лажица рамномерно насекаде распоредете го преливот. Краевите од тестото малку свиткајте ги над филот.
Ставете ја да се пече околу 40 минути или додека преливот се зацврсти а краевите од тестото добијат кремаста боја.
Се служи и топла и ладна, секако е убава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.