Сопругот на Крлеуша му се заканил на Врањеш – остави ми ја сопругата на раат или ќе те скршам!

Шокантите написи за поп-ѕвездата Јелена Карлеуша не престануваат. Судејќи според објавите на социјалните мрежи нејзиниот сопруг и простил за изневерувањето, но дали и ќе заборави останува да видиме од понатамошната разврска на настаните. Дека не му е сеедно што неговата сопруга е окарактеризирана како прељубница, потврдил за весникот “Ало“, извор близок на фудбалерот Врањеш, кој тврди дека Душко нема мир заради целата ситуација.
Изворот вели дека кога во медиумите се појавила приказната дека сопругата му е неверна Душко полудел. Тоа, вели изворот, некако и голтал додека се било на основа на “рекла-казала“, но го дотепало кога се појавиле фотографиите и пораките кои тие меѓусебно ги разменувале. Најмногу го заболела пораката во која Јелена му напишала на Огњен дека Душко го сака како брат и дека меѓу нив работите одамна не функционираат, вели изворот, а пренесува “Ало“!, додавајќи дека Тошиќ тогаш решил лично да контактира со Врањеш.
Му се смачило, дополнува изворот за “Ало“, да слуша како еден Врањеш секој ден ја прозива неговата сопруга и на медиумите да им ги доставува нивните пораки од мобилните телефони кои меѓусебно ги разменувале. Го побарал Огњен на телефон и му се заканил, вели изворот за “Ало“, притоа откривајќи за што разговарале.
“Огњен се обидел да се скара со Душко, но од неговите навреди не можел да дојде до збор. Тошиќ му порачал да ја заборави Јелена, да престне да ја спомнува во медиумите и да ја остави на мир. Исто така му рекол да се пази, и ако некогаш го сретне на улица да премине на другата страна“, открива за “Ало“ изворот близок на фудбалерот.
Бидејќи аферата поприма континентални димензии и има секојдневно нови информации, се за КАРЛЕУША ПРОЧИТАЈТЕ СЕГА И ТУКА

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.