Не е познато дали сопственикот ги знаел правилата на аукцијата или само се заиграл со надеж да постигне повисока цена. Сепак, ќе мора да плати.
Он-лајн аукциите последните години стекнале огромна популарност, а можеби најдобри понуди ќе најдете на „bring-A-Trailer. Таму неодамна се појавил интересен „Mercedes AMG G63“ кој го понудил продажниот специјалист „Switchcars“.
Очекувано, интересот за скапоцената „G“ класа од „AMG“ била голема, но малку кој очекувал дека меѓу оние кои лицитираат ќе биде и самиот продавач. Тој не размислувал дека во доменот на таканаречени резервирани цени од претходно дефинираните 90.000 долари ќе влезе и ако понуди нешто помалку. Имено, во тој износ влегуваат и 5% проценти провизија која ја одбива организаторот на аукцијата.
Нудејќи 86.000 долари, сопственикот по истекот на аукцијата станал и купувач. Кога видел што направил, за да го избегне плаќањето на провизијата од 4.300 долари (5 проценти од постигнатата цена), барал да контактира лицето кое ја понудило втората највисока понуда од 85.000 долари.
Се разбира, специјалистот за продажба стапил во контакт со организаторот, кој веднаш одговорил. Сопственикот на автомобилот, кој се претставил како купувачот „nassin35“, добил сметка од 4.300 долари што мора веднаш да ја плати и притоа заработил доживотна забрана за продажба преку платформата за онлајн аукција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.