Сочен начос со пилешко, кашкавал и зеленчук

Доколку сте љубител на начос чипсот со многу растопен кашкавал врз него + различни сосови, време е за една пософистицирана, но подеднакво вкусна варијанта: начос со пилешко.
Потребни состојки:
425 g црн грав од конзерва
60 g сечкани, црни маслинки
340 g рендан кашкавал
1 домат
8 млади кромитчиња
1 луто пиперче (по вкус)
500 g ситно сечкано и зготвено пилешко месо
½ шолја доматен сос


500 g тортиља чипс
Тартар сос (за послужување)
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете подлабоко тавче со хартија за печење.
2. Подгответе ги следните работи одделно: исцедете го гравот од конзервата и измијте го со ладна вода. Исечкајте ги маслинките, изрендајте го кашкавалот, исечкајте го доматот, пиперката, како и младото кромитче.


3. Исечкајте го пилешкото на ситни парчиња и додадете го доматниот сос и добро измешајте.
4. Истурете половина од чипсот распоредувајќи го во тавата за печење. Ставете половина од пилешкото месо врз него, а врз него додадете рендан кашкавал.
5. Повторете ја истата постапка со истите состојки уште еднаш, а на крајот додадете го гравот.
6. Печете додека кашкавалот не се стопи целосно, а краевите на начос чипсот не се заруменат, околу 8 минути.
7. Непосредно пред сервирање додадете ги маслинките, сечканиот патлиџан и пиперката, младото кромитче, а тартар сосот може да го ставите врз начосот или да го послужите во одделен сад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.