Спанаќ ролнички

ЗА ТЕСТОТО
300 гр. Спелтино брашно
200 гр. Ржано брашно
300 мл Млака вода
50 гр. Растопен путер
1 Прашок за пециво
1 мала лаж. Сол
ЗА ФИЛОТ
500 гр. Спанаќ
6 перца Млад кромид
по вкус Сол
Инструкции за готвење


1 | Подготовка
Ржаното брашно се просејува. Од сите состојки се замесува меко тесто и покриено се остава да одмори 30-45 минути.
Доколку користити само ржано брашно, зголемете на водата за околу 100 мл.
Додека чекате, може да го спремате филот. Младиот кромид се запржува кратко, па му се додава претходно обарениот и исчистен спанаќ.
На тивок оган се пржат околу 10 минути.
3 | Печење
Тестото се дели на два дела и од секоја се сука кора. Се става од филот и се витка ролат. Се сечат парчиња отприлика околу 2 сантима.
Се ставаат на хартија за печење и се печат околу 45 мин на 200 степени.
На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.