Потребни состојки:
200 г спанаќ
200 г кисела павлака
3 јајца
50 г овесни снегулки
2 лажици гриз
250-300 г пилешко месо
50-100 г сирење
30 мл маслиново масло
Вегета
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Пропржете го пилешкото месо. Зачинете го со вегета и бибер. Исечкајте го спанаќот на ситни парчиња и додајте ги останатите состојки во тавата. Зачинете по вкус и измешајте. Сипете го спанаќот во смесата, па сè заедно ставете во тава за печење и распоредете го месото. Вклучете ја рерната на 200 степени и печете околу 30 минути.
По желба додајте кисела павлака додека е топло.