На единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК во 14:20 часот волонтер од Охридска спасителна служба, кој е и водич на туристичка група – скијачи од странство, пријавил дека туристка од Австрија при пад во слободно скијање кај месноста „Орлов камен“ на Попова Шапка се здобила со повреда на ребрата, соопштија од ЦУК.
Заради сериозноста на повредата, а и други здравствени специфичности, не била во можност да се движи. Побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница, при што директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, беше во директна комуникација со спасителите, се посочува во соопштението.
При комуникацијата на спасителите со повредената Австријка, таа информирала дека претходно имала операција на ’рбетниот столб и на него имала вградена метална шипка со шрафови.
На местото на настанот има пристигнато ратрак и луѓе за поддршка, но состојбата на повредената и комуникацијата со нејзе, индицирала дека транспортот со ратрак заради проблемот со ’рбетот од минатото, како и сегашната дополнителна повреда, би довел до поголеми компликации. Заради специфичноста на итниот случај за повредената бил побаран транспорт со хеликоптер од местото на настанот до болница во Скопје, се подвлекува во соопштението.
Пилотите од Хеликоптерската единица на МВР одговориле веднаш на барањето на Ангелов за интервенција и во моментот на информирањето за настанот хеликоптерот веќе се враќа кон Скопје од Шар Планина.
Присебните спасители, кои се и пријавители на итниот случај укажаа, во директна комуникација со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, дека на повредената од почетокот на спасителната акција и е пружена прва помош, адекватно била покриена со фолија за да и се зачува топлината и дека се наоѓала во добра општа здравствена состојба, се вели во соопштението од ЦУК.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ