Пијалокот е одличен начин во телото да внесете разноврсно овошје и зеленчук, а со тоа и важни витамини и минерали. Во време на настинка и грип, многу е важно организмот да се снабди со витамин Ц.
Со оглед дека овој смути содржи лимон и портокал, тој е одличен извор на овој витамин. Еден од главните состојки е и ѓумбирот кој го зајакнува имунолошкиот систем, па затоа се користи како природен лек против настинката. Тој предизвикува потење и исфрлање на топлина, па на тој начин ја намалува грозницата.
Состојки: сок од 2 портокали, сок од ½ лимон, ½ банана, 2 моркови, ½ лажиче ѓумбир во прав, ½ засладувач по желба (мед, стевиа).