Србија доби еден од најмоќните противвоздушни системи за одбрана во Европа

Србија го стави во целосна функција најсофистицираниот кинески систем за противвоздушна одбрана со среден дострел ФK-3 HQ-22, со што оваа балканска земја сега има еден од најмодерните системи за противвоздушна одбрана во Европа.

Ова меѓу другото го пишуваат повеќе влијателни американски магазини кои посочуваат дека Србија од Кина за две години од потврдата дека го нарачала ракетниот систем за заштита на српското небо сега потврди дека целосно е комплетиран системот и е ставен во функција.

Имено, американскиот магазин „Милитери воч“ пишува за моќниот ракетен систем ФK-3 (HQ-22) кој го чува небото на Србија. Во текст објавен под наслов „Србија сега има една од најдобрите мрежи за противвоздушна одбрана во Европа“, магазинот наведува дека мрежата на српски ракетни системи за противвоздушна одбрана претходно била далеку од импресивна во споредба со другите земји, но дека претставувањето на HQ-22 го трансформирало во еден од најмоќните на континентот.

Дополнително, набавката создаде значителен отпор кај европските соседи на Србија, но и на САД, иако купувањето HQ-22 се сметаше за помалку политички чувствителна алтернатива на претходните планови на Белград, кои се однесуваа за купување на руските системи С-300 или С-400, пишува „Милитери воч“.

Американскиот магазин потсетува дека српското Министерство за одбрана на 2 јануари објави дека кинеските системи за противвоздушна одбрана со среден дострел HQ-22 сега се целосно оперативни, што, според високите офицери, значително ја подобрило способноста на српската армија да го заштити националниот воздушен простор.

Кинескиот тежок транспортен авион Y-20 ги испорача првите системи HQ-22 во Србија некаде во април 2022 година, помалку од две години откако Србија ја потврди својата нарачка за овие системи.

Коментирајќи ја оперативноста на системот, Министерството за одбрана деновиве соопшти дека со опремувањето на воздухопловните сили и противвоздушната одбрана со новиот ракетен систем за воздушна одбрана FK-3 (HQ-22), системот за контрола и заштита на воздушниот простор на Република Србија е значително подобрена.

Тие ги цитираат зборовите на командантот на единицата HQ-22, капетанот Стефан Маниќ, кој изјавил дека воведувањето на овој систем е „пресвртница во системите за противвоздушна одбрана“ за Србија.

Тој посочи дека способностите на кинескиот систем и неговата софистицирана способност е да се спротивстави на непријателските антирадарски ракети кои го позиционираа овој систем на највисоко ниво на ефикасност и издржливост.

Инаку, српските системи HQ-22 се вмрежени со системи за противвоздушна одбрана од пониско ниво, вклучувајќи модернизирани советски системи С-125, но и новите руски ПВО борбени системи „Панцир-С“, кои дополнително ја оптимизираат заштитата од воздушни напади од голем број беспилотни летала или крстосувачки ракети.

Иако мрежата на српски ракетни системи за противвоздушна одбрана претходно беше далеку од импресивна во споредба со другите европски земји, претставувањето на HQ-22 го трансформираше во еден од најмоќните на континентот, наведува американскиот магазин „Милитери воч“.

Системот HQ-22 е способен да ги гаѓа речиси сите видови авиони, како и крстаречки и балистички ракети кои се движат со брзина до 3 маха, на надморска височина до 27 километри. Дострелот на ракетите за системите што ги купи Србија е околу 100 километри.

Пронајдете не на следниве мрежи: