СРПСКИ ВЕСНИК ВО 1918 ГОДИНА ЈА ПОТВРДУВА САМОБИТНОСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

СРПСКИ ВЕСНИК ВО 1918 ГОДИНА ЈА ПОТВРДУВА САМОБИТНОСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!
Весникoт „Србобран” во репортажа од декември 1918 година пренесува разговор со тројца заробени Македонци за време на Првата светска војна. Репортажата е направена 5 години по насилната поделба на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија, во време кога српската шовинистичка политика најжестоко го негира постоењето на Македонците.

СРПСКИ ВЕСНИК ВО 1918 ГОДИНА ЈА ПОТВРДУВА САМОБИТНОСТА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Репортерот на „Србобран“ вели дека тројцата Македонци служеле во бугарската армија и како такви биле заробени од српската војска.

– „Пред мене се појавија тројца млади бугарски војници. Еден беше од околината на Велес, вториот од Крушево, а третиот од Белограчик.

Кога ги запрашав дали им е познато дека Бугарите се победени на сите линии, ми одговорија скоро сите во еден глас: ‚И нека изгубат во Софија, тоа потполно и го заслужиле. Нас нѐ зедоа насилно во војска уште од неполни 17 години‘. И навистина овие двајца од Македонија немаа повеќе од 18 години. …

Го запрашав: Па добро, дали сте вие Бугари? – ми одговорија: ‚Не сме, НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ‘. …”

Од текстот изчегуваат на површина следниве факти:

  1. Тројцата Македонци имале јасно-изразена национална свест и ce декларирале дека се Македонци, a не се Бугари (или било што друго).
  2. Тие ја изнеле вистината дека Бугарија насилно ги мобилизирала – за разлика од тврдењата на бугарската пропаганда дека Македонците доброволно се приклучувале – лага кои Бугарија ја пласира до денешен ден.
  3. Изјавиле дека на нив, како Македонци, кои се израснати под мотото за борба за независна македонска држава, не им е битна територијалната целовитост на државата Бугарија.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.