Секогаш треба да се трудите вашиот дом да мириса свежо и убаво. Сигурно ќе ви биде попријатно кога во просторијата во која често престојувате има пријатен воздух.
Една корисничка на TikTok по име Марлин покажа како ја користи правосмукалката за да постигне убав мирис во нејзиниот дом.
Трикот е да ја отворите правосмукалката, да го извадите филтерот и да го испрскате со освежувач, а потоа да го вратите во правосмукалката.
Додека ја чистите куќата, свеж и пријатен мирис ќе се шири низ вашиот дом.
Коментарите на сметката на овој трик беа различни, од жени кои не знаеја дека овој филтер може да се отстрани, до оние кои беа целосно ентузијасти од оваа идеја и кои рекоа дека дефинитивно ќе го користат овој трик.