Едноставни мекици по стар рецепт од кои ќе замириса целото маало!
СОСТОЈКИ:
1 јајце
400 мл. млака вода
1 лажиче сол
1 коцка квасец
800 гр. брашно
сирење и масло
ПОДГОТОВКА:
Се рони квасецот во млаката вода, односно половина од неа, се остава десет минути да се активира.
Се става брашното и се прави дупка, се додава сол и јајце, па квасецот и водата.
Се меси со рака, па треба да добиете тесто кое не се лепи.
Оставете го двојно да нарасне.
Малку развлечете го потоа, но не премесувајте. Извадете ленти и ставете им сирење, преклопете ги.
Се загрева масло и се пржат.