Стравовите на хороскопските знаци

Вага- се преплашува од конфликти

Во потрага по животна хармонија, Вагата повремено ќе мора да се соочи со личности кои не ги делат нејзините животни вредности. Страв од конфликти,расправии,навреди, осаменост и изолација  се примарни  стравови  на Вагата. На интимен план , Вагата се плаши и од љубовно одбивање , разочарување и искористување, но тоа нема да ја спречи при преминување од една неуспешна врска во друга. Имено, таа  би избрала да живее со некој манијак и измамник отколку да биде сама.  Меѓу другото се плаши и од сите видови болести, параноична е дури и кон најмалите настинки.

Шкорпија- се плаши од немоќност

Надворешно Шкорпијата е еден од најхрабрите знаци во зодијакот, но зад ладнокрвноста и „маската“ се крие суштество кое не е баш имуно на стравови, иако сакаат да остават баш таков впечаток дека не се плашат од ништо. Нивниот одбрамбен механизам од стравот е мазохизмот, па така Шкорпијата не бега од опасности и насилство, дури со нив малку и „кокетира“. Првиот страв на Шкорпијата е сексуална немоќ,  потоа страв од старост, зависност од другите и ограничувања. Кај Шкорпијата постои страв и од неверство и лаги, односно  се плаши да не стане жртва на неверство.

Стрелец- страв од угнетување

Во својот безгрижен и алтруистички свет, Стрелецот пронаоѓа неколку работи кои му влеваат страв. Кога ќе се најде во ситуација која ја ограничува неговата слобода, тој оптимистички и ведар човек во мала мера ќе се исплаши. Рамнодушноста не дозволува да биде жртва на неправда, насилство и грубост. Уште еден негов страв е стравот од непризнавање на неговите заслуги за некој деловен или друг успех. Од психолошки аспект , Стрелецот се плаши од  загрозување на демократијата и граѓанските права и слободи.

Јарец-страв од потсмев

Организираноста и ефикасноста на Јарецот добро прикрива и долг попис на стравови. Секој Јарец пати од некој имагинарен страв. Јарецот се плаши од неповолен исход на настаните. Најмногу се плаши од сплетки и  предавство . Друг страв е стравот од несреќен сплет на околности. Најмногу ги вознемирува и плаши  дека со некоја своја постапка ќе излезат смешни но и предмет на шега на невкусни шали.

Водолија-грижа за целиот свет

Кај Водолијата постои поделба на лична и општа сфера, во која влегуваат нејзините ставови за политика, религија и слично, и стравовите на Водолијата се поделени на ист принцип. Во тој поглед Водолијата може да ја сместиме како знак кој ретко се плаши, кога станува збор за личните стравови, но од другата општа сфера е преполна со стравови. Се ужаснува од поимите кои се составен дел од животот како насилство, војна, глад, загадување, расна нееднаквост, кривични дела и слично, без разлика дали тие опасности и влијаат лично на неа или не. Водолијата се плаши и од тоа дека еден ден ќе биде приморана да ги напушти своите идеали. Во однос на личната сфера единствено покажува страв од трајно врзување.

Риба- страв од се

Првото место на листата на хороскопски знаци со своите стравови се наоѓа Рибата. Нивните стравови се спој од стравовите на сите зодијачки знаци и тешко е прецизно да издвоиме од што најмногу се плашат. Нивниот дијафазон на стравови вклучува телесно насилство, закани, навреди, осаменост, одбивање, болест, смрт, посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта и ликови од приказните и бајките. Во постојан страв се од неред, природни катастрофи, а и од обична гужва и бука. Но наспроти многуте стравови, Рибите наоѓаат излез и во најтешките ситуации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.