Стјуардесата откри генијален трик: Еве како да ја испеглате облеката без пегла, со минимален труд

Доколку често патувате, а морате да одржувате „остар“, професионален изглед, следнава приказна е идеална за вас!Стјуардеса од KLM Royal Dutch Airlines открива како да ја направите облеката „свежа и без брчки“ по туткање во куферите.Видеото на TikTok доби над 4.700 лајкови, а на почетокот една симпатична девојка објаснува како „пегла облека без пегла“, со минимален труд.Таа советува да ја внесете гардеробата во бањата на вашата хотелска соба и да ја оставите на радијаторот (иако и офингер е добра идеја).Потоа истурете топла вода во туш кабината и по десет минути пареата ќе ги исправи сите брчки ! Можете да го искористите времето за да се истуширате и на тој начин да „убиете две муви со еден удар“.
@klm Be sure to check out the last hack if you need help with seat selections! 👶 #KLM #royaldutchairlines #travelhacks #packinghacks #flightattendant ♬ BORN FOR THIS – Foxxi
Стјуардесата открива дека облеката може да ја „задржи свежината“ дури и по повеќечасовно превртување во куферите, оставајќи неколку влажни марамчиња внатре, пренесува Daily Star .

Пронајдете не на следниве мрежи: