Ги научивме младите да НЕ учат!
Ги оставивме да НЕ разберат зошто треба да учат, дури и кога материјата не е интересна и применлива на прва.
Сега, тие се задоволуваат со идејата за совладување 2-3 вештини, од потесна област, со фокус на брзо вработување.
Ги сведовме на ниво на делчиња во запчаник, наместо да ги учиме како да бидат креатори на системот, кој го инкорпорира запчаникот.
- 10 детали кои мажот ги приметува кај жената во првите 5 минути од средбата!
- За ОВА размислуваат мажите додека орално ги задоволувате!
- Знаци кои покажуваат КРАЈ на вашата врска
- Што готвите денес? АРОМАТИЧНО ПИЛЕШКО со топла ЗИМСКА САЛАТА!
- Никој нема да може да одолее: Направете топло чоколадо како професионалец!
- Тајната на добри макарони е во сосот
- И „Амазон“ нуди евтини производи
- Тутунарите бараат повисока откупна цена за тутунот од 420 денари
- ЗАЈАКНУВА БОРБЕНАТА ГРУПА НА НАТО ВО РОМАНИЈА: Пристигнаа маринци и возила, се смета дека тоа е поради руската инвазија на Украина
Задоволни се кога наместо книга, ќе добијат скрипта од 100тина страници.
Не бараат повеќе.
Не сакаат повеќе.
Уште подобро, ако се неколку алатки за учење, објаснети со видео.
Ич да не мора да се чита?!
Ок, ајде да речеме дека ни фалат делчиња во запчаникот.
Ама ако тераме натаму, кој ќе ја гледа големата слика?
Кој ќе ја создава визијата за идното општество, подобро од сегашното?
Кој ќе ги решава суштинските проблеми, од кои зависи и постоењето на запчаникот, па и неговите делчиња?
Учењето не е задолжително игра, не е секогаш забавно, може, но не мора да биде.
Учењето е стратешки ресурс, кој бара дисциплина, свесна посветеност, намера, истрајност, внатрешна мотивација, време и труд!
Учењето подразбира мислење, а за да можеш да мислиш, треба пред се’ читање, книги, цели, заедно со помалку интересните делови, од најразлични области.
Прво читање, потоа другите методи!
Инста постери, едноминутни видевца, скриптички и сет од алатки, не се доволни за мислечки индивидуи – идни градители на општества!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.