Тој се изнервирал бидејќи сметаше дека неговиот син заслужува поголема минутажа.
Дерил Клемонс го застрела младинскиот фудбалски тренер на Сент Луис, Шекил Латимор, бидејќи бил изнервиран што неговиот син не поминува доволно време во играта .
Триесетгодишниот Латимор бил застрелан четири пати во грб за време на тренинг.
Дерил Клемонс се предал еден ден по пукањето. Тој бил обвинет за напад од прв степен.
- Урсула фон дер Лајен: Спремни сме да го прекинеме снабдувањето со гас од Русија
- Двајца пациенти добија бубрег од починат донор
- Рекордна вредност на биткоинот, за првпат над 90.000 долари
- Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош во Газа
- Комунална хигиена подигна 10 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни површини
Неговата жртва е поранешен фудбалер кој волонтира како помошник тренер и координатор на одбранбените играчи во тимот на градската рекреативна лига.
Ме критикуваше после секој натпревар
Интересно е и тоа што Клемонс беше тренер на овој тим пред да дојде Латимор во тимот.
– По секој натпревар ме критикуваше – објасни Латимор од болничкиот кревет.
Тој, исто така, рече дека непосредно пред инцидентот, Клемон го свртел грбот и посегнал во џебот пред ненадејно да се заврти и да пука.
„Не го видов неговиот пиштол додека не беше предоцна“, рече Латимор.
– Истрчав, а тој ми пукаше во грб. Паднав, а тој ме застрела уште неколку пати.
Клемонс потоа застанал над својата жртва и го навредувал пред деца на возраст од девет и десет години.
– Ти кажав дека ќе те скршам – му рекол.
Откако присутните возрасни се стрчаа кон нив за да му помогнат на повредениот тренер, Клемонс излета од теренот.
Латимор рече дека повеќето родители се однесуваат добро со тренерите, но некои, како Клемонс, можат да го уништат спортот на детето.
– Некои родители како да се обидуваат да живеат преку своите деца – објаснува Латимор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.