Јозеф Фрицл, кој беше осуден на доживотен затвор во Австрија за инцест и беше сместен во институција за ментално болни, во четвртокот е пуштен на условна слобода.
На ова му претходеше расправата на тричлениот совет на Окружниот суд во Кремс, расправа која беше затворена за јавноста.
- Џенифер Анистон откри која би била нејзината работа доколку не е актерка: За мене е многу забавно да се занимавамАктерката Џенифер Анистон го негува својот стил уште од серијата „Пријатели“, а- прочитај повеќе
- Снимка од авионот пред катастрофалниот пад! Вознемирувачки сцени, патници во паника, ужас во Казахстан сумиран во една минута… Следеше смрт (ВИДЕО)Еден од патниците, кој имал среќа да го преживее падот на патнички- прочитај повеќе
- Три хороскопски знаци на кои Божиќ им е омилен празникЗа некои луѓе Божиќ не е само уште еден датум на календарот,- прочитај повеќе
- Двајца осудени за 27 април побарале помилувањеДел од обвинетите за организирањето на упадот во Собрание кој се случи- прочитај повеќе
- Во падот на авионот во Казахстан преживеаја 32 луѓеНајмалку 32 лица го преживеаја падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс- прочитај повеќе
Тој ќе мора да остане таму каде што е додека одлуката не стане правно обврзувачка. Јозеф Фрицл ќе мора да поднесе психијатриски извештаи.
Одлуката не е правосилна бидејќи на рочиштето не присуствуваше претставникот на јавното обвинителство. Според судот, обвинителството сега има рок од 14 дена да поднесе жалба.
За потсетување, Јозеф Фрицл (88 г.) е австрискиот силувач, таткото кој својата ќерка ја држеше во заробеништво 24 години, ја силувал илјада пати и ѝ станал татко на седум деца.
Откако тој доби право да поднесе барање за условно ослободување, совет од три судии – сите жени – на регионалниот суд во Кремс денес ја донесе одлуката за неговата иднина.