Сепак, таа признава дека килограмите понекогаш ѝ варираат и дека не јаде поради љубовни проблеми
Теа Таировиќ важи за една од најубавите пејачки на естрадата, а за тоа, како што вели, заслужни се и редовната исхрана и напорните тренинзи.
Сепак, таа признава дека нејзината тежина понекогаш варира и дека не јаде поради љубовни проблеми.
– Не се работи за никаква диета, туку за стрес и љубовни проблеми! Кога имам љубовни проблеми не можам да јадам, па тоа веднаш влијае на мојата фигура, а тука беше и стресот околу концертот во Белград. Сакав сѐ да испадне како што треба, затоа се подготвив и психички и физички. Не стигнав да јадам и да имам нормални оброци. Сега се вратив во нормала – изјави Теа.
Таа вели дека вежба во теретана секој ден, а открива и дека слушнала гласини дека има вештачки задник.
– Зборуваат за сѐ и сешто, дури и дека имам вештачки задник, но не знаат дека правам илјада чучнувања дневно! Кога нешто е вештачко, можете да го видите од авион. Ако некој има тенки нозе и голем, подигнат задник, знајте дека тоа не е природно. Кај мене се гледа дека имам силни бутови и тоа е сѐ од вежбањето. Правам и стомачни, затоа имам стомачни мускули. Тренирам цел живот, а телото не го заборава тоа, па ако понекогаш се опуштам малку, многу брзо се враќам во форма. Сите во моето семејство се згодни, па претпоставувам дека е нормално дека и јас изгледам добро, а висината ме „извлекува“. Затоа можам да јадам многу без да се забележи како кај другите.
Теа се труди да води здрав живот.
– Пијам цеден сок, јадам готвена храна и многу овошје и зеленчук. Имам среќа што моето тело не копнее за нездрави грицки. Земам бадеми или протеинско чоколатце и тоа е сѐ – раскажува Теа за Информер.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.