Телешки шницли во бело вино
Нашата идеја за денешниот ручек …
Потребно е:
500 г телешки шницли
1 главица кромид, ситно исецкан
3 чешниња лук, ситно исецкани
1 лажица сенф
200 мл бело вино
сол, бибер
малку вода
масло
Потребно е:
– Сите шницли истенчете ги со дрвен чук, намачкајте ги со малку сенф, посолете, наросете со бибер и оставете ги во фрижидер да се маринираат.
– Сецканиот кромид пропржете го на врело масло. Додадете го и сецканиот лук и него малку пропржете го колку да пушти мирис.
– На динстаниот кромид и лук ставете ги шницлите и продолжете со динстањето додека не фатат боја од сите страни.
– Сипете го виното и малку вода и поклопете ја тавата. Оставете да се динста на средна температура додека не се згусне сосот.
– Овие вкусни телешки шницли послужете ги со варен ориз или пире од компири.