Телото ви дава знаци, не ги игнорирајте: Ова се симптоми дека ви фали витамин Ц, А или Д

Овие симптоми ви покажуваат дека имате недостаток на витамини
Витамин Ц
Подложни на инфекции, изразени вени, модринки, склоност на крварење се знаци за недостаток на витамин Ц во телото. Помалку може да се појави при физичка активност и психички напор, за време на бременоста и доење и кај инфекции.
Недоволно внесување на витамин Ц може да доведе до недостаток на витамини кои обично се случуваат кај деца, алкохоличари и повозрасни лица. Недостатокот доведува до тешки нарушувања, болест. Овој витамин е важен бидејќи ја поттикнува работата на имунолошкиот систем во борба против инфекции и бактерии.
Витамин А
Груба, сува и иритирана кожа, губење на апетит, често замор, слаба коса без сјај, кршливи нокти, настанување на перут, сето тоа наведува до недостаток на витамин А.
Витамин Д
Недостаток на витамин Д најпрво ќе забележите по промените во коскеното ткиво. Кај децата е забележано рахитис, а кај возрасните доведува до остеопороза. Превентивно се дава на бебињата за време на првата година од животот, а кај остеопорозата витамин Д се дава со комбинација со калциум поради намаленото одложување на калциум во коските.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.