На 5 јануари, Кристијано Роналдо во живо го следеше првиот натпревар на неговиот нов клуб Ал Наср.
Клубот од Ријад ја оправда лидерската позиција во шампионатот на Саудиска Арабија и на свој терен го совлада Ал Тае со 2:0.
И додека Португалецот од трибините им даваше поддршка на новите соиграчи, очекувајќи го своето деби за новиот клуб, во соблекувалната настана вистински хаос.
По натпреварот и покрај победата дојде до жестока вербална пресметка помеѓу Винсент Абубакар и Андерсон Талиска. Само благодарение на присебноста на неговите соиграчи, немаше физички конфликт меѓу Камерунецот и Бразилецот.
Нема сомнеж дека Роналдо не го чека мир во соблекувалната на новиот клуб, а останува да се види дали можеби тој ќе биде факторот што ќе ги смири вжештените страсти.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.