Тестенини со пилешко

Состојки:

пилешко бело месо, исецкано на мали коцки
тестенини (со било каков облик)
4 јајца
1 павлака
мешан сув зачин
малку путер
кашкавал
сол, бибер
маслиново масло

Подготовка:

– Исецканото пилешко месо пропржете го малку на маслиново масло.
– Во солена вода сварете ги тестенините. Кога ќе бидат варени исцедете ги од преостанатата течност и додадете ги во тавата во која го пржевте пилешкото месо. Измешајте убаво.
– Изматете ги јајцата со павлаката, мешаниот сув зачин, сол и бибер.
– Тестенините и месото ставете ги во подмачкана со путер земјана тава. Одозгора прелијте со смесата од јајца и павлака и убаво измешајте.
– Одозгора рамномерно изрендајте го кашкавалот.
– Тавата ставете ја во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени малку да се потпече од горе и да добие убава румена боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.