На профилите на Инстаграм се појави нов тренд, а станува збор за вкусна торта со боровинки за која познатата готвачка Габи Далкин вели дека е одличен доручек. Таа во својата книга „Eat What You Want” го споделува рецептот и ве охрабрува да јадете што сакате и да научите да уживате во храната.
Тортата е составена од крцкав и мек слој. Крцкавиот слој може да се подготви во поголеми количини и да се чува во фрижидер и да се користи по потреба. Боровинките можат да се користат свежи или замрзнати, но ако се користат свежи, тогаш времето за печење треба да се скрати.
Потребни состојки:
За крцкавиот слој:
130 г брашно
100 г шеќер
50 г кафен шеќер
¼ лажичка сол
115 г стопен путер
За мекиот слој со боровинките:
225 г брашно
2 лажички цимет
1 ½ лажичка прашок за пециво
1 лажичка сол
115 г матеница (можете да разредите малку млеко и да додадете сок од лимон во него)
1 лажичка ванилин шеќер
115 г путер на собна температура
260 г шеќер
2 големи јајца
1 жолчка
365 г боровинки
За преливот:
60 г шеќер во прав
2-3 лажички млеко
Начин на подготовка:
Во еден сад измешајте ги состојките за крцкавиот слој. Ставете во фрижидер.
Загрејте ја рерната на 175 степени.
Потоа измешајте ги во друг сад сувите состојките за мекиот слој, а шеќерот и путерот мешајте ги во друг сад. Во нив додајте ги јајцата, а потоа и жолчката. Со рака мешајте ги сувите состојки и во нив додадете ги боровинките.
Во подмачкана тава додадете ја крцкавата смеса, а потоа меката. Печете 1 час ако боровинките се замрзнати или 50 минути ако се свежи. По околу 40 минути печење проверете дали горниот слој не фатил премногу боја. Ако е така, покријте со фолија.
Извадете од рерната, оставете малку да се олади и истурете го преливот. Можете да додадете и рендана кора од лимон или по избор. Добар апетит!