Торта со кафе

ЗА ПАНДИШПАН
5 јајца
120 г шеќер
120 г брашно
50 г маргарин
50 мл варено кафе
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
2 кесички шлаг
200 мл млеко
150 г рендано чоколадо
150 г дробени лешници
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги брашното, прашокот за печиво, кафето и растопениот маргарин, и промешајте со лажица. Од смесата испечете пандишпан, и исечете го на половина.
Шлагот изматете го со млекото. На чинија за торта ставете ја првата кора пандишпан, премачкајте ја со шлаг и наросете рендано чоколадо. Ставете ја втората кора пандишпан, премачкајте со шлаг, и наросете со рендана чоколада и дробени лешници.

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.