ЗА ТЕСТО
3 јајца
250 г брашно
200 мл млеко
350 мл обична или кисела вода
сол
ЗА ФИЛ
300 г сирење
600 мл кисела павлака
500 г Руска салата
Од наведените состојки измешајте смеса, оставете да отстои 20-тина минути и испржете 10 поголеми палачинки.
Сирењето издробете го со виљушка и измешајте го со 300 мл павлака.
На чинија ставете ја првата палачинка и премачкајте ја со филот од павлака и сирење. Ставете ја втората палачинка и премачкајте ја со Руска салата. На истиот начин доредете ја тортата. Последната палачинка добро притиснете ја за да се залепи со филот.
Целата торта премачкајте ја со кисела павлака и изрендајте го кашкавалот. Украсете по желба и изладете ја тортата пред сечење.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.